Бојкот на Конгресот: Димовски, Милошоски, Вељаноски не одат во Валандово

Илија Димовски, Антонијо Милошоски, Трајко Вељаноски, Борис Змејковски и уште 30тина други потписници на иницијативата за одлагање на Конгресот нема да отидат во Валандово, каде денеска и утре се бира наследник на Никола Груевски.

Извори на Ден.мк велат дека ова било кажано и на вчерашниот Извршен комитет на партијата, но Груевски одлучил своето замислено „сценарио“ за партијата да го одигра до крај, односно утре на партискиот престол формално да седне Христијан Мицковски, а од позадина, Груевски да продолжи со своите политики.

Бидејќи немаше официјален повик за бојкот на Конгресот, дел од потписницте на иницијативата ќе одат во Валандово, но извесно е дека нема да дадат поддршка за Мицковски.

Мицковски вчера рече дека очекува мирен конгрес и избор на нов лидер со цел побрзо да се реформира партијата, иако само тој е кандидат за претседател на партијата.

Александар Тодески