Connect with us

Македонија

(ВИДЕО) Амди Бајрам ја напушти коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, ќе ги поддржувал реформите

Пратеникот Амди Бајрам кој беше долгогодишен коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ, а беше избран како пратеник во истата коалиција денеска изјави дека ќе дејствува како само како пратеник од Сојузот на Ромите.

– Сакам да изјавам дека до денеска во Собранието сум бил како пратеник од Сојузот на Ромите во коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, од денеска ќе делувам како пратеник од Сојуз на Роми, рече Бајрам на денешната седница.

Бајрам во телефонски разговор за Ден.мк рече дека нема никаков коментар и дека ќе ги поддржува најбитните реформи на власта. Ниту ги негираше ниту ги потврди шпекулациите дека ќе влезе во мнозинството преку коалиција со ДУИ, рече за тоа ќе размислувал.

Амди Бајрам ја напушти коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ

Амди Бајрам ја напушти коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, ќе ги поддржувал реформите – http://den.mk/archives/4717

Posted by Den.mk on Friday, December 22, 2017

Актуелно