Connect with us

Македонија

(ВИДЕО) Ќе постапува ли Антикорупциска за непријавеното „Пунто“ на Груевски?

Државната комисија за спречување корупција денеска е недостапна за коментар дали ќе постапува откако вчера во медиумите се појавија наслови дека Груевски со своето „Пунто“ старо 20 години го предводел протестниот конвој, со оглед на тоа што комисијата претходно има гонето неколку пратеници за нивните имотни листови.

Со пребарувањето на страната на Антикорупциската комисија, може да се види дека пратеникот Никола Груевски освен банкарски сметки, кеш пари и уметничка слика нема пријавено нитшо друго, ниту недвижности ниту автомобил. Функционерите во анкетниот лист на Антикорупциска го пишуваат и имотот на брачниот другар и своите родители, но никој од неговото потесно семејство според анкетниот лист кој го доставил немаат автомобил на нивно име.

Ден.мк се обиде да ја контактира комисијата со цел да праша дали ќе постапуваат по овој случај, меѓутоа од таму не одговараа на телефонските повици.

Актуелно