На Мијалков нема да му се суди за нарачување на тортура за Љубе Бошкоски

На екс директорот на УБК, Сашо Мијалков нема да му се суди за нарачување на тортура и малтретирање на лидерот на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски.

Судијата за оцена на обвиненија Моника Бахчовановска делумно го прифатила обвинителниот акт за „Тортура“ на Специјалното обвинителство. За „Тротура“ ќе им се суди на петмината Алфи и тогашниот нивен шеф, Ивица Антевски Пуки, но не и на првообвинетиот Мијалков.

Делото за „Тортура“ се води како мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување. Сепак, од СЈО велат ќе поднесат жалба до Апелација, што значи дека оваа одлука не е конечна.