(ВИДЕО) 133 делегати го бојкотираат Конгресот – Одлуките досега се носат едногласно

Запишани 544, а присутни 411 делегати – 133 делегати не присуствуваат на Конгресот за избор на Христијан Мицкоски за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Бројката е доволна одржување на Конгресот, како и за избор на налседникот на Никола Груевски.

Како што веќе известивме, не се присутни барателите за одложување на Конгресот. Присутните со извикување „Никола, Никола“ му се заблагодарија на Никола Груевски за како што рекоа, неговата пожртвуваност и се што направил за ВМРО-ДПМНЕ.