(ВИДЕО) Делегатите со аплауз му се заблагодарија на Груевски за се што направил до сега

Делегатите на вонредниот Конгрес за избор на нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ со аплауз и со извици „Никола, Никола“ му се заблагодарија на досегашниот лидер Никола Груевски за се што досега направаил за партијата и за државата.

Првиот дел од Конгресот продолжи зад затворени врати, а веќе утре ќе се гласа, дали единствениот кандидат за наследник на Груевски ќе биде избран за трет лидер на опозициската партија.

На конгресот се зборуваше и за локалните избори, сопартијците меѓусбено си се пожалија дека изгубиле на изборите затоа што имало притисоци.

На Конгресот учествуваат 411 делегати, а 133 одлучија да го бојкотираат изборот сметајќи дека конгресот не е демократски и дека не им се дало шанса на други кандидати, односно ќе се формализира однапред избраниот кандидат, фаворитот на досегашниот Никола Груевски.

Меѓу оние кои не учествуваат се Илија Димовски, Анотнио Милошоски, Трајко Вељаноски, а неколку од делегатите не присуствуваат поради мерката притвор како осомничени за крвавиот упад во Собранието.

Пред почетокот на Конгресот, Никола Груевски, кој од утре останува само пратеник во Собранието побара Конгресот да биде мирен и транспарентен.

– Треба да се доенсат мудри и рационални одлуки, потоа да се насочиме кон напредна и просперитетна Македонија, а предуслов за тоа е рушење на нашиот опонент, СДСМ од власт, рече Груевски.