(ВИДЕО) Груевски: Ги запоставив децата на име на партијата, мораме да се вратиме на власт

Јас сум водач на партијата цели 14 и пол години, во кои имавме 10 изборни победи по ред и еден пораз под околности кои беа далеку од регуларни. Во овие години на успеси и напредок, се вложив целиот и сето мое време, сила и енергија, за партијата и за државата, одкажувајки се од слободното време и од многу животни попријатни можности, запоставувајки го семејството и моите деца, изложувајки се енормно на многу стресови, клевети, навреди, омаловажувања и непријатности, но останав цврст и стабилен и при најтешките удари, и тешко ми паѓа кога преку ноќ ќе видам вакво однесување на мои блиски соработници во ситуација кога, како и сите ние се наоѓаат под притисок.

Денеска сме собрани на овој конгрес на партијата, со кој ВМРО-ДПМНЕ го започнува новиот поход кон победата, кон новата победа и враќањето на власт во Република Македонија, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на Конгресот на кој се избира негов наследник. Груевски се осврна и на изборите, за кои рече дека во партијата имало предавство затоа што дел од членовите „догвориле“ нешто со СДСМ, и се закани дека тие ги знаел со име и со презиме. Сепак, призна дека во исходот на катастрофалните за нив избори има и негова вина.

-Тоа е она што ВМРО-ДПМНЕ го имаше цели 11 години, во кои успешно и со огромен напредок ја движеше Македонија, со бројни успеси резултати. Тоа е она што народот повторно ни го даде на последните парламентарни избори со победата над СДСМ пред една година, но за жал месец и половина подоцна ни беше неправично одземено, и беше погазена вољата на народот, рече Груевски.

Груевски рече дека жали што конгресот се случува во вакви емотивни и невообичаени околности кога нашата партија е истовремено нападната однадвор, но и под внатрешен притисок и неразбирлива реакција од наши членови со кои до пред една недела делевме добро и зло и не слутевме дека по неколку дена нема да го препознаеме нивното однесување.

-Јас сум водач на партијата цели 14 и пол години, во кои имавме 10 изборни победи по ред и еден пораз под околности кои беа далеку од регуларни. Во овие години на успеси и напредок, се вложив целиот и сето мое време, сила и енергија, за партијата и за државата, одкажувајки се од слободното време и од многу животни попријатни можности, запоставувајки го семејството и моите деца, изложувајки се енормно на многу стресови, клевети, навреди, омаловажувања и непријатности, но останав цврст и стабилен и при најтешките удари, и тешко ми паѓа кога преку ноќ ќе видам вакво однесување на мои блиски соработници во ситуација кога, како и сите ние се наоѓаат под притисок. А ова е таков период, рече Груевски и додаде дека новиот лидер требало да ја вати партијата на власт.