Connect with us

Македонија

(ВИДЕО) Конгресот го избра Мицкоски за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Христијан Мицкоски е избран за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ на Конгресот на партијата во Валандово. На конгресот присуствуваа вкупно 438 делегати од кои 376 го дадоа својот глас за Мицкоски, додека пак 52 ливчиња биле неважечки.

Мицкоски инаку беше единствен кандидат за наследник на Груевски откако тој ја најави оставката, а Извршниот комитет го закажа овој Конгрес. Голем дел од актуелните функционери на партијата реагираа дека се работи за однапред избран кадар кој ќе биде марионета на Груевски.

Мицкоски инаку е еден од поновите кадри на ВМРО-ДПМНЕ. За генерален секретар на партијата беше избран пред 5 месеци. Претходно, тој бил член на Либерално-демократската партија, а партијата го кандидирала и за претседател на ССУКМ. Членството при неговиот избор за генерален секретар обвини дека тој немал членска книшка на ВМРО-ДПМНЕ до 2010 година.

Меѓу членовите кои јавно кажаа дека се незадоволни од внатрепартиската трка за нов лидер се и Илија Димовски, Антонио Милошоски и Трајко Вељаноски, а поради внатрешни несогласувања оставка од Извршниот комитет си даде Никола Попоски.

Од кандидатурата се откажа и Филип Петровски затоа што смета дека Конгресот е наместен, а Јове Кекеновски најави тужба поради како што рече, нелегален Конгрес.

Актуелно