Connect with us

Македонија

(ВИДЕО) Мицкоски ќе докажувал дека не е марионета: Мој противник е СДСМ, не поединци од партијата

Новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред делегатите на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово кажа дека мора да се стави крај на корупција, политичките притисоци и политичката одмазда.

– На несмасните брифирања од неименувани партиски извори дека ќе сум бил марионета ќе одговорам дека со мојата работа убеден сум дека ќе го докажам спротивното. Свесен сум во каква атмофера поминува овој конгрес, со шпекулации и наметнати теми, но таква е состојбата и со политиката. Од денеска па натаму ќе се потрудам политиката да биде поинаква. Свесен сум за сите сомнежи во мене кои донекаде се оправдани затоа што не сум носел крупни државни одлуки. Мој политички противник е СДСМ, а не поединци или групи во неговата партија, рече новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Сликата за Македонија е земја на уништена економија. Граѓаните за жал осиромашуваат. БДП во првите три квартали забележува пад од 0.4 проценти. Бруто инвестициите опаѓаат за огромни 9.5 осто и тоа само во третиот квартал годинава. Мојата визија за Македонија е земја на среќни граѓани, додаде новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по неговиот избор.

На Македонија и е потребна силна економија со развиено домашно стопанство, и крупни инвестиции во државата. Стабилен и реален раст на БДП на ниво од прилика околу 4 проценти, а зашто да не и повеќе, рече Мицкоски и додаде:

– Македонија мора да вложува во технолошки и високо продуктивна економија. Потребен е развој на иновациите и поддршка на претприемачкиот дух, особено кај младите кој мора да имаат сигурна иднина, а наша е обврската тоа да го овоможиме, првиот момент кога ќе се вратиме на власт. Потребно е сузбивање на невработеноста. Ќе се бориме најпрво да ја добиеме власта во Македонија, а потоа ќе се бориме со активни мерки во економијата да ја намалиме невработеноста на прифатливи под 10 проценти. Даноците мора да останат ниски, за да економијата расте, изјави Мицкоски.

Младите, според новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, треба да имаат и приоритет и државна подршка при процесот на стекнување на сопствен дом, во кој ќе градат семејство, а особено оние со пониски примања.

– Земјоделските субвенции мора да растат и да ги задоволуваат потребите на поддршка, стимулација и конкурентност, социјалната компонента и подобрување на стандардот на земјоделецот. Земјоделците не смеат да се грижат за својата егзистенција. Потребно е тие да имаат сигурност, поддршка од државата и помош при откупот и пласманот на производите кои макотрпно ќе ги создаваат, рече Мицкоски.

Мора да има, рече тој, сериозни вложувања во поквалитетно образование од каде што впрочем доаѓам и јас, помалку санкции, но сигурна иднина за нашите најмили- младите. -Образованието треба да произведува кадри кои што мора да бидат меѓународно конкурентни. Мора да се зголеми процентот од буџет кој се издвојува за образование на најмалку 6 осто од годишниот буџет.

– Граѓаните истовремено очекуваат подобро здравство, поквалитетно и поконкурентно. Да, инвестициите во здравството се скапа работа, но здравјето на луѓето нема цена. Мора да креираме поконкурентно здравство, првиот момент кога ќе се вратиме на власт, вели Мицкоски.

Актуелно