Connect with us

Македонија

(ВИДЕО) Пет годиини од „црниот понеделник“

Денеска се навршуваат пет години од црниот понеделник кога собраниското обезбедување на раце ги исфрли пратениците од пленарната сала додека се носеше буџетот за 2013 година. Неколку минути претходно од салата беа избркани медиумските екипи и новинарите за да не го посведочат и документираат бруталното исфрлање на народните избраници.

Судирот започна кон средината на декември со противење на дел од пратениците да се носи неразвоен буџет со високи трошоци за нови проекти од „Скопје 2014“. Нивните амандмани беа игнорирани и амандманската расправа беше прескокната. Пратениците од тогашната опозиција предводена од СДСМ најавија дека ќе дежураат пред Собранието и дека нема да дозволат кршење на Уставот.

Додека траеја инцидентите во Собранието, пред законодавниот дом се одржуваше протест предводен од тогашниот лидер на социјалдемократите, Бранко Црвенковски, и контрапротест организиран од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Двете групи се гледаа преку кордоните полициски службеници и за малку не се судрија.

Настаните резултираа со бојкот на Собранието и неколку неделни улични протести. Во следниот период кризата се продлабочи, опозицијата правдата ја бараше со метод на улична демократија, а беше ставено под прашање и нејзиното учество на следните локални избори.

Актуелно