Connect with us

Македонија

(ВИДЕО) Пратениците ги бираат предлозите за министри и заменици, Алијансата нема да гласа

Пратениците попладнево ќе се обидат да ги изгласаат новите членови на Владата, испразнетите министерки и заменички-министерски места.

Откако беше избран новиот јавен обвинител, претседателот Талат Џафери даде пауза за обвинителот во меѓувреме да даде заклетва и да пристигне премиерот Зоран Заев кој треба да ги образложи предлозите за новите членови на Владата.

Јовески избран за државен јавен обвинител

Љубомир Јовески е новиот државен јавен обвинител – http://den.mk/archives/4839

Posted by Den.mk on Monday, December 25, 2017

Владата до Собранието ги прелдожила Венко Филипче на местото на Арбен Тараври во здравство, Аксел Ахмедовски наместо Самка Ибрахимовски кој стана пратеник, Арбр Адеми за заменик министер за образование на местото на Висар Ганиу и Блае Цветковиќ како заменик за земјоделие, на местото на Власте Димковиќ. Единствено нема предложена замена за министерот без ресор кој стана градоначалник на Струга, Рамиз Мерко.

Од Алијансата за Албанците за Ден.мк брифираат дека нема да гласаат бидејќи не е прифатен нивниот предлог за министер за здравство. Сепак, се очекува да се изгласаат предложените министри и заменици бидејќи и Љубомир Јовески претходно беше избран за државен јавен обвинител без поддршката од Села.

Актуелно