Connect with us

Магазин

Грешка во нулите: Американка добила сметка за струја од 284 милијарди долари

Жителка на Пенсилванија доживеала шок кога преку интернет ја проверила нејзината сметка за струја и видела дека должи нешто повеќе од 284 милијарди долари.

Мерки Хоромански (58) била непријатно изненадена, па дури помислила дека новогодишните сијалички можеби влијаеле на сметката.

Хоромански веднаш го известила својот син кој пак ја контактирал фирмата „Пенелек“, која го снабдува нивниот дом со струја.

Од фирмата по некое време ги известиле дека се работи за грешка, и дека нивната сметка всушност изнесува 284,46 долари, пренесува „Дејли мејл“.

Актуелно