Connect with us

Економија

Руската „Газпром“ веќе изгради 650 км од „Турски тек“

„Газпром“ веќе изгради 650 километри од гасоводот „Турски тек“, изјави денеска шефот на рускиот гасен холдинг Алексеј Милер, цитиран од ТАСС.

Милер наведе дека оваа година била многу важна за проектот: започнала изградбата на двете линии од морскиот дел од гасоводот од рускиот брег, и моментно се работи во ексклузивната економска зона на Турција.

Досега се изградени над 650 километри од гасоводот, кој во спроведувањето на двете линии веќе надминува 35 проценти од вкупната должина на морскиот дел од гасоводот, посочи Милер.

Актуелно