Connect with us

Магазин

Разголена активистка се обидела да украде статуа на Исус во Ватикан

Разголена активистика од украинската феминистичка група Фемен се обидела да украде статуа од бебето Исус од плоштадот Свети Павле во Ватикан, но беше запрена од полицијата пред да ја однесе.

Таа ја прескокнала безбедносната ограда и се стрчала кон поставената сцена на раѓањето на Исус, извикувајќи „Господ е жена“, а истата порака ја имала испишана и на грбот.

„Дете не е од Господ, туку од жена. Затоа што жена е Господ“, објави Фемен на својата страница.

Припадник на ватиканската полиција ја спречил во намерата и таа била приведена. Инцидентот се случил два часа пред папата Фрањо да ја прочита својата божиќна порака пред 50.000 верници на плоштадот.

Според интернет-страницата на групата, станува збор за Алиса Виноградова, која се опишува како „секстремистка“. Целта на оваа група, основана во Украина, е целосна победа над патријархатот.

Оваа група изведе слична акција и за Божиќ пред три години, исто така, неуспешна.

Актуелно