Петмина членови на ДИК по оставките ги вратиле парите од бонусите во државниот буџет

Пет члена од Државната изборна комисија вратиле пари во државната каса по поднесените оставки, велат од Министерството за финансии за Ден.

Пари во буџетот на Република Македонија од бонусите кои ги земале вратиле Виолета Дума, Атанас Урмов, Супхи Јакупи, Игор Милев и Ермира Асани Салија, а претходно, екс претседателот на ДИК, Александар Чичаковски парите ги донираше во невладината „Полио плус“.