Connect with us

Спорт

Ѓоковиќ го одложи враќањето: Разочаран сум, морам да се повлечам

Ново разочарување за фановите на Новак Ѓоковиќ, српскиот тенисер требаше по долго време да им се врати на терените на турнирот во Абу Даби, но повторно откажа.

„Многу сум разочаран што морам да се повлечам од турнирот во Абу Даби. Во последните неколку дена чувствувам болка во пределот на лактот и лекарите ме советуваа да не ризикувам, ми рекоа да го пропуштам и овој турнир“, вели Новак Ѓоковиќ.

„Продолжувам со терапии, тажен сум затоа што очекував дека ќе играм на овој турнир. Но морам да ја прифатам ваквата ситуација. Се надевам дека наскоро ќе се вратам во полн ритам. Ќе видиме дали ова ќе влијае на планот кој го направив за учество на турнирите во новата година“.

Актуелно