Connect with us

Свет

(ВИДЕО) Тројца загинати во пожар близу Ниш

Тела на три лица пронајдени се синоќа во куќа во местото Поповац крај Ниш. Се претпоставува дека тројцата мажи на возраст од 48 години, 36 и 28 години настрадале од пожар во куќата.

Причините за оваа трагедија се истражуваат, но се претпоставува дека настраданите во моментот на избивање на пожарот спиеле во куќата.

Настраданите не биле во роднински врски-соопши полицијата.

Српската полиција веќе направи увид на местото на трагедијата, а случајот го истражува надлежното обвинителство.

Актуелно