Connect with us

Македонија

(ВИДЕО) Богоев побара од Уставен да се стопираат ДУП-овите на Стевчо Јакимовски

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, побара Уставниот суд да ги стопира Деталните урбанистички планови за Тафталиџе 1 и Карпош 4, пишува „Сакам да кажам“.

Станува збор за плановите кои беа донесени од претходниот градоначалник Стевчо Јакимовски за време на Божиќните празници пред две години, односно на 5 јануари 2016 година, а кои предвидуваат изградба на нови згради на местото каде што имаше паркови и зеленило. Токму за овие планови жителите на Карпош неколкупати организираа протести блокирајќи ја крстосницата кај трговскиот центар „Сити мол“, барајќи да престане бетонизаација на општината и уништувањето на малку преостанатото зеленило.

Од Општината велат дека бидејќи не била запазена законски предвидената постапка за донесување на два ДУП-а, предложиле на Уставниот суд, до донесувањето на конечната одлука, да донесе решение за запирање на поединечни акти или дејствија за овие два плана.

Богоев ова стопирање на ДУП-овите го најави во неговото интервју за Ден.мк, кога рече дека освен ревизијата која ја подготвуваат, а во која има индиции за криминал на претходното раководство, тој ќе побара од Уставен суд да се сопрат ДУП-овите на претходната гарнитура во општината.

Актуелно