Connect with us

Свет

(ВИДЕО) Пожар во куќата на Бил и Хилари Клинтон

Пожар избил на имотот на поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон и неговата сопруга Хилари, која му беше противкандидат на актуелниот претседател Доналд Трамп.

Полицијата во 14.50 часот по локално време вчера, примила дојава за пожар на вториот кат на помалиот објект на имотот на Клинтон во Чапаква, во државата Њујорк, кој го користи Тајната служба.

Портпаролот на некогашниот претседател на САД, Бил Клинтон и неговата сопруга Хилари, Ник Мерил, објавил дека пожарот на нивниот имот ја зафатил зградата во која се наоѓаат агентите на тајната служба, а не резиденцијата на Клинтон, како и тоа дека тие за време на пожарот не биле дома.

Нема информација за повредени во пожарот, a полицијата го расветлува случајот.

Бил и Хилари куќата во округот Вестчестер ја купиле во 1999 година.

Актуелно