Connect with us

Македонија

Караџоски: Владата го крши законот за судски буџет, како судија ми се смешни изјавите за монтирани случаи

Претседателот на судскиот совет, Зоран Караџоски обвини дека владата го намалила нивниот буџет со ребалансот во 2017 година, со што го прекршила законот за судскиот буџет.

– Со овој ребаланс (2017) ни се намалија средсвата, во 2016 не ни се намалија. Апелирам, доколку нема средства, власта да не го крши законот, туку да го измени законот за судскиот буџет. Вакви закони како мртва буква на хартија не ни се потребни, ако не се исполни нека се промени, вели Караџоски.

Тој кажа дека во 2018 година ќе се преземат конкретни активност за подобрување на условите за работа на судиите и судксата служба, директни активности за условите, зголемување на платите на судиите и судските службеници.

– Ќе разговараме и со владата, знаеме дека не се предвидени покачувања во буџетот. Во последните две години, платите во судството во МКД се на најниско ниво во Европа. Судиите поротници, очекуваме министерот за правда да донесе нов правилник за исплата на надоместоците на поротници и бидејќи се мизерни, минимални, очекуваме 100% зголемување на нивните хонорари, рече тој.

Караџоски истакна дека ќе има засилен надзор врз работата на судиите.

Се осврна и на премиерот, дека не го признава судот и дека ќе се врши генерален реизбор, што тој смета дека нема Уставни и законски можности за генерален реизбор.

– Од некои беше истакнувано дека има политички монтирани случаи и дека само некој знаел однапред што се случува. Мене ова како правник и судија ми е смешно, вели Караџоски.

Актуелно