Connect with us

Македонија

(ВИДЕО) Кои пратеници зеле најголеми патни трошоци – Највисоката сума е 4.280 евра

Собранието повторно го „тресат“ патните трошоци. 4.280 евра е најголемата сума која еден пратеник ја добил за патни трошоци. Останатите, се движат околу 4.000 евра, но има и поскромни.

Алија Камберовски од Партијата за европска иднина, коалиционен партнер на владејачката СДСМ е пратеникот кој ја зел најголемата сума. Пратеникот од Струга пријавил дека неговото доаѓање до Скопје го чини 4.280 евра.

Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков до изборите како пратеник зел 3.975 евра патни трошоци, а на листата се пратеничките Лилјана Затуровска и Мира стојчевска, чии патни трошоци изнесуваат 3.492 евра. Во „Топ пет“ пратеници е и пратеникот Агим Шакири, кој патот со сопствена кола до Собранието го чинел 3.911 евра.

Центарот за истражувачко новинарство СКУП во првиот дел од истражувањето за патните трошоци наведува дека од 2010 година до 2016, само за патни трошоци на еден македонски пратеник просечно му се исплатени по околу 40.000 евра. Во истиот период во Словенија, за патни но и за други трошоци, на еден пратеник просечно му биле исплатени 36.000 евра, во Бугарија 19.000 евра, во Хрватска – 14.000 евра и во Косово – само 6.000 евра. Овие бројки покажуваат дека македонските народни избраници се меѓу најплатените во регионот.

Актуелно