Connect with us

Македонија

Секјуриком без одговор колкава загуба претрпеле и зошто вработените зеле само 2.000 денари К-15

Секјуриком Мултисервис Интернационал ДОО – Скопје не открива колкави загуби претрпела, па одлучила на своите вработени да им даде по 2.000 денари К-15.

Ден.мк се обиде да контактира со фирмата неколку пати, но од таму велат дека лицата задолжени за односи со јавност се на состанок и нема кој да одговори на нашите прашања.

Инаку, Ден.мк еден ден пред нова година објави дека фирмата која не плаќа кирија, ниту сметки за струја, вода, греење, ладење, телефон и слично во државните институции каде што се распоредени нивните вработени, на сметките на вработените пуштила по скромни 2.000 денари К-15, со образложение дека работеле со загуба, иако како што велат нашите извори, фирмата работи во полн ек.

Секјуриком беше позната во јавноста и по тужбата која фирмата и Службата за општи и заеднички работи ја добија од Ландсервис за тендерот за одржување на Владата тежок 11 милиони евра. Тогаш Ландсервис обвини дека тендерот бил со услови кои и исполнува само Секјуриком.

Од Секјуриком реагираа дека 15 години тие работат по сите закони.

Александар Тодески

Актуелно