Connect with us

Македонија

Ѓоко Котевски нов директор на истражниот затвор во Шуто Оризари

Ѓоко Котевски е новиот директор на истражниот затвор Скопје. Тој доаѓа на местото на досегашниот директор Александар Наумовски, кој по локалните избори стана градоначалник на скопската општина Ѓорче Петров.

Котевски е член на СДСМ од организацијата на територија на општина Бутел. Тој во август годинава беше назначен за директор на Управата за водење на матични книги орган во состав на Министерството за правда, функција која ја извршуваше до почетокот на месецов.

Актуелно