Connect with us

Македонија

(ВИДЕО) Како ќе се контролира паралелниот увоз на лекови?

Владата на вчерашната седница донесе предлог-измени на законот за лекови и медицински средства, со кој веледрогериите ќе имаат обврска да обезбедат пообемна документација која се однесува на квалитетот на лековите кои се предмет на паралелен увоз.

„Со овој се прецизира начинот на издавање на одобрението за паралелен увоз во смисла на утврдување на критериуми и тоа со обезбедување Сертификат за квалитет на лек што e предмет на паралелен увоз, приложен во оригинал. Сертификатот за квалитет треба да биде издаден од страна на производителот на лекот или од лабораторија овластена од надлежен орган на земјата производител или од земјата извозник на лекот“, соопштија од Владата, а истото денеска на прес конференција го потврди и владиниот портпарол, Миле Бошњаковски.

На овој начин, додаваат оттаму, се овозможува подобрена контрола на квалитетот на секоја серија од лековите кои се предмет на паралелен увоз и се обезбедуваат безбедни лекови од паралелен увоз и заштита на пациентите од евентуални неквалитетни лекови.

Паралелниот увоз на лекови бил првпат затенкат во времето кога министер беше Никола Тодоров, кој фалсификуваниот лек го пријавил во Обвинителството.

Актуелно