Connect with us

Македонија

Бонева, Срцев и Прокупица не ги вратиле парите од бонусот кој сами си го поделија

Силвана Бонева, Сашо Срцев и Реџеп Прокупица не ги вратиле парите во Буџетот на РМ од бонусот кои сами си го доделија. Парите ги вратиле само шест од вкупно девет поранешни членови, но ниту еден од нив не се откажал од службените лаптопи и мобилни телефони.

Членовите на ДИК добиле три бонуси за прочистувањето на Избирачкиот список во 2016 година и за изборите што беа закажани, а потоа одложени. Пет дополнителни плати им биле исплатени за декемвриските парламентарни избори, а четири плати добиле за локалните избори во октомври годинава.

Севкупно поранешните членови на ДИК земале околу 126.000 евра од кои меѓусебно си поделиле по 14.000 евра. Наградени биле и останатите членови од Комисијата вклучувајќи ја и целата администрација.

Освен наградите, распишани биле и тендери за набавка на најскапи мобилни телефони, компјутери и таблети, а голема сума на пари е потрошена по ексклузивни ресторани и хотело.

Оставки досега поднесоа вкупно осум членови на ДИК, вклучувајќи го и претседателот Александар Чичаковски, но деветтиот член Ермира Асани Салија изјави дека немала удел од алашверишот и затоа реши да не поднесе оставка

Актуелно