Connect with us

Македонија

Оставка на Ибрахими во Беса – Одговорност или партиски несогласувања пред Конгресот?

Пратеникот кој ги запали страстите со албанската химна на крвавиот 27 април, кандидатот на Движењето БЕСА за градоначалник на општина Чаир, Зеќирија Ибрахими си поднесе оставка од потпретседателското место во партијата.

Ибрахими вели дека нема намера да се кандидира за претседател на конгресот на партијата закажан за наредниот месец. Тој оставката ја оправдува со, според него важноста на концептот на неговата партија дека никој како поединец не е поважен од неа и оти никој не е незаменлив, без оглед на позицијата што ја има во партијата.

Иако Ибрахиим се повикува на одговорност, извори на Ден.мк од партијата велат дека се работи за несогласувања во партијата и дека пред Конгресот, односите во Беса се заоструваат. Во очекување се уште неколку оставки во партијата, за како што вели изворот на Ден, потоа да има „реформирана Беса“ на чело се уште со Билал Касами, која ќе им се понуди на гласачите.

Актуелно