Connect with us

Македонија

МПМ пред стечај, кривичните постапки заглавија

„Комерцијална банка“ започна со продажба на недвижен имот на „МПМ“, на само десетина дена од одржување на рочиштето на кое ќе се решава за отворање на стечај, пишува Правосудство.мк.

Намерата на „Комерцијална банка“, со продажба на недвижен имот, да намири барем дел од долгот што кон неа, со години наназад, го создавал „МЕДИА ПРИНТ МАКЕДОНИЈА“ кон неа, доаѓа на десетина дена пред одржување на судско, подготвително рочиште на кое ќе решава дали ќе има или ќе нема стечај.

Најавата за продажба на градежно и земјоделско земјиште, но и проиводствен погон во сопственот на „МПМ“ е обид да се избегне рочиштето кое што треба да се одржи во Основниот суд Скопје 2 – Скопје, а на кое треба да се реши „судбината“ на компанијата која успеа да ги уништи сите свои печатени медиуми.

„Со решение I СТ-1193/17 од 15.12.2017 година, на Основниот суд Скопје 2 – Скопје, се поведува претходна постапка за испитување на условите за отворање на стечајна постапка над должникот друштво за услуги ‘Медиа принт Македонија ДООЕЛ’“, се вели во одлуката на граѓанскиот суд од каде потврда дека за 18. овој месец е закажано судското рочиште на кое што треба да дојде до изјаснување по предлогот за отворање на стечајна постапка.

Целиот текст прочитајте го на Правосудство.мк

Актуелно