Чавушоглу: Проблемите со Германија ќе се решаваат дијалог

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави денеска дека се согласува со својот германски колега Зигмар Габриел дека е потребно „проблемите и несогласувањата“ со Германија да се решат по пат на дијалог и соработка.

Шефот на германската дипломатија се согласува со Чавушоглу дека треба да се направи се што е потребно за да се подобрат односите меѓу Берлин и Анкара, кои во претходниот период се влошени поради големиот број несогласувања.

Турскиот министер вчера предупреди дека сака да гради мостови на пријателство со Германија, која е најголемиот трговски партнер на Турција и важен НАТО сојузник.

Двете земји во претходниот период имаа низа несогласувања, меѓу кои и оние во врска со големите апсења во Анкара на осомничени за учество во неуспешниот преврат во Турција во 2016 година, како и за апсењето на германско-турскиот новинар Дениз Јуџел