Connect with us

Македонија

(ВИДЕО) Пукна тиквата во Беса – Кој е лидер на партијата, Касами или Карамани?

Една партија, два состанока на централно претседателство и две различни одлуки – Односите во Беса заострени.

На состанокот на Централниот одбор кој се одржа во Скопје, со анонимно гласање одлучено е лидерот на партијата Билал Касами да биде разрешен од претседателското место. Вршител на должноста до одржувањето на конгресот ќе биде професорот Неџмедин Карамани. Како што беше соопштено на денешната прес конференција причината за разрешувањето на Касами се резултатите од последните избори и поради блокирањето на сите партиски органи во изминатите два месеци и непочитувањето на статутот на партијата од негова страна.

Од друга страна, другиот дел од партијата вели дека Централниот одбор одржал состанок во Тетово и дека нема никакви информации за состанокот во Скопје. На состанокот на партија во Тетово донесена е одлука првиот партиски конгрес да се одржи на 24 февруари. Воедно на состанокот во Тетово одлучено е Касами да остане лидер до одржување на Конгресот.

Ден.мк претходно објави дека се заоструваат односите во Беса и дека единствена цел е Касами да остане на чело на „реформираната Беса“, која се уште би била под негова контрола. Другиот дел од партијата веќе одлучи, Касами надвор од партијата, пратеникот Карамани на неговото место барем до Конгресот.

Видео: ТВ21

Актуелно