Connect with us

Македонија

На Беса и се случува ДПА – Ако Касами не ја прифати одлуката, ќе има фракции

Една од најмладите партии во албанскиот блок, Движењето Беса кое на парламентарните избори во декември 2016 година се покажа како можна закна за Демократската унија за интеграција и со која доскорешната втора партија во албанскиот блок, Демократската партија на албанците доби само двајца пратеници пред самоуништување – два централни одбори заседаваа во два различни града и излегоа со две целосно различни соопштенија.

Скопскиот централен одбор го разреши, Тетовскиот му даде уште една шанса на Касами – Беса од вечерва со паралелно лидерство. Во Скопје за в.д. лидер беше избран пратеникот Неџмедин Карамани, а во Тетово, на другиот состанок беше одлучено Касами да ја води партијата до изборите.

Извори на Ден.мк од Беса велат дека ако Билал Касами не ја прифати одлуката на централниот одбор, не се исклучува формирање на фракција во партијата која ќе си функционира самостојно и ќе си го избере новиот лидер. Велат, состанокот во Скопје е единствен валиден состанок бидејќи бил поброен од оној во Тетово.

Слична беше сликата во ДПА на Мендух Тачи, кога во март 2015 година, кога под мотото „По патот на Арбен Џафери“ на паралелен состанок Зијадин Села беше избран за лидер на Демократската партија на Албанците.

Сепак, Села не ги доби партиските печати од лидерот Мендух Тачи, кому му се закани дека ќе има судски спор, по што неговото Движење за реформи на ДПА стана партија, која по изборите се преименуваше во Алијанса за албанците.

Александар Тодески

Актуелно