Connect with us

Свет

Австриска министерка ќе потроши само 10 евра на службено патување

Првото патување во странство на шефицата на австриската дипломатија Карин Кнајсел ќе ја чини државата 10 евра.

Кнајсел патува во Словачка, која е прва дестинација откако стапи на должност. Таа во соседната земја ќе отпатува со воз.

– Ќе патувам со железничката линија РЕХ, што чини 10 евра. Тоа е воз, со кој досега дневно патував од Граматнојзидл до Виена, заедно со словачките болничарки и студенти, истакна австриската министерка за надворешни работи.

Кнајсел утре во Братислава ќе има средба со словачкиот колега Мирослав Лајчак, кој и претседава со Генералното собрание на Обединети нации.

И канцеларот Себастијан Курц најави дека за Франција, а потоа за Германија ќе патува со авион, но во економска класа.

Актуелно