Connect with us

Свет

ЦИА отфрла вмешаност во протестите во Иран, ЕУ кани ирански дипломат на разговор

Шефот на разузнавачката американска агенција ЦИА, Мајк Помпео демантираше наводи за вмешаност на таа агенција во организација на протестите во Иран и прогнозира дека ќе има нови насилни протести.

Во интервју за Фокс њуз рече дека економските услови во Иран не се добри и тоа ги извело луѓето на улица да протестираат.

Запрашан да прокоментира тврдење на иранскиот државен обвинител Мохамед Џавад Монтазери дека ЦИА раководат со немирите заедно со Ираел и Саудиска Арабија заради промени во Иран, Помпео одговори дека тоа не е точно.

– Тоа е народот на Иран, тие тоа го покренаа барајќи подобри услови за живот и прекин на теократскиот режим, изјави Помпео.

Во интервјуто тој се осврна и на севернокорејската нуклеарна програма нагласувајќи дека таа држава има потенцијал за неколку месеци да развие нуклеарно оружје што може да загрози американски градови.

Европската унија, пак, одлучи да го покани во Брисел првиот дипломат на Иран, Мохамад Џавад Зариф со кого ќе се разговара за протестите во државата. Тоа го соопшти синоќа министерот за надворешни работи на Германија Зигмар Габриел.

– Разговарав по телефон со иранскиот колега и во високата претставичка на ЕУ Федерика Могерини и се договоривме да го поканиме министерот за надворешни работи на Иран ако е можно следната недела, изјави Габриел за Це-Де-Еф, без да дава детали.

Во протестите во градови во Иран кои траеја речиси една недела загинаа 21 лице. Голем број беа приведени.

– Веќе соопштивме дека ја поддржуваме слободата на демонстрации и дека државата треба да го поддржи тоа, додаде германскито министер.

Габриел нагласи дека САД „се подготвуваат да го поништат договорот за нуклеарната програма на Иран со што ќе уништат еден успех во напорите да се спречи ширење на воениот атом во светот“.

Актуелно