Connect with us

Свет

Косовците масовно „за“ демаркацијата, „не“ за укинувањето на Специјалниот суд

Илјадници косовски граѓани јасно го изразија својот став кон две од најжешките теми во последно време: демаркацијата на границата со Црна Гора, во чие заложништво е визната либерализација, и можното укинување на Специјалниот суд, што ќе се занимава со наводни воени злосторства во земјата.

Повеќе од 8.000 потписи на косовски граѓани се собрани во онлајн петицијата со која се бара косовското собрание да го ратификува договорот со Црна Гора, а иницијативата за укинување на Специјалниот суд да не се поддржува.

Според директорот на весникот Експрес,Берат Бужала,кој е иницијатор, петицијата „ЗА“ демаркацијата и „НЕ“ за укинување на Специјалниот суд, предизвикала голем ентузијазам.

Освен обични граѓани неа ја потпшале и актуелни и поранешни функцонери, меѓу кои и актуелните пратеници Илир Деда и Милаим Зека, како и екс министерот за внатрешни работи Скендер Хисени.

– Земјата се соочува со опасност од меѓународна изолација.Ова е барање до Собранието на Косово да го ратификува договорот за демаркацијата со Црна Гора и да ја стопира идејата за укинување на Специјалниот суд, изјави Бужала за оправданоста за петицијата.

Тов вели дека петицијата ќе биде испратена до Собранието на Косово за да му се покаже дека „граѓанската храброст е позначајна од племенската и роднинска храброст“.

Петицијата доби посебно место во речиси сите медуми во Косово,кои информираат за огромната поддршка,како и во медиумите во Албанија.

Актуелно