Connect with us

Свет

(ВИДЕО) Пожар во кулата на Трамп во Њујорк

Две лица се повредени во пожарот што ја зафати Трамп кулата во Њујорк денеска наутро.

Претседателот Доналд Трамп и неговото семејство не биле во зградата во моментот кога избил пожарот, што пожарникарите бргу успеале да го стават под контрола, при што немало потреба од евакуација.

Над 70 пожарникари одговориле на повикот, што е стандардна процедура во случај на пожар на покрив на висока зграда. Се верува дека тој бил предизвикан од електрична инсталација, при што се повредени еден пожарникар и еден цивил.

„Пожарникарите на Њујорк беа таму за само неколку минути и завршија неверојатна работа“, изјави Ерик Трамп, синот на Доналд Трамп.

Снимките од воздухот покажаа голем бел дим на покривот на зградата, која се наоѓа на Менхетн.

Доналд Трамп, исто така, има апартман во оваа зграда, но тој во тој момент бил во Белата куќа.

Актуелно