Connect with us

Свет

Девет од десет жени во Брисел се жртви на сексуално вознемирување

Речиси девет од десет жени во Брисел доживеале некаков вид на сексуално вознемирување, покажува истражувањето на Универзитетот во Гент.

Според тоа истражување, 88 отсто од испитаничките доживеале сексуално вознемирување низ улиците на Брисел, а половина од нив тврдат дека се соочиле и со физичко насилство.

Секоја трета жена и понатаму се бори со последици од вознемирувања или напади.

– Нема доволно почит кон жените. Доколку на улиците тие се сексуално навредувани, тогаш тоа не е мало злосторство – изјави белгиската државна секретарка Бјанка Дебетс, која побарала ова истражување да биде спроведено.

Таа учествувала во кампања за охрабрување на жените да пријават во полиција такви случаи, а сега планира во март да воведе апликација „Рацете настрана, Брисел“, слична на онаа која веќе постои во Франција.

Актуелно