Connect with us

Свет

Експлодира иранскиот танкер со нафта

Експлодира иранскиот танкер со нафта, кој пред неколку денови беше оштетен во судир со кинески товарен брод, соопшти денеска кинеското Министерство за транспорт.

Спасувачките бродови биле принудени да се повлечат на безбедно растојание.

Иранската компанија, чиј танкер се запали по судирот во саботата во Источното Кинеско Море, соопшти дека сè уште постои надеж дека ќе бидат пронајдени преживеани лица меѓу 31-члениот екипаж, кои и понатаму се водат како исчезнати. Едно лице е пронајдено мртво.

На иранскиот танкер во саботата ноќта изби пожар по судирот со товарниот брод. Во моментот на инцидентот танкерот превезувал околу 136.000 тони нафта.

Екипажот бил составен од 30 ирански државјани и двајца од Бангладеш.

На кинескиот товарен брод се наоѓале 22 Кинеза и сите се спасени.

Актуелно