Connect with us

Македонија

Караџоски изнел лични, а не ставови на советот на прес-конференцијата

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџоски преку соопштение вели дека ставовите изнесени на прес-конференцијата на 4 јануари годинава, а кои не се однесуваат на работата на Судскиот совет се негов личен став.

Тој на прес конференцијата рече дека тој лично има кредибилитет да ги спроведува реформите во правосудството предвидени со стратегијата на Министерството за правда.

„Не сум во романтична врска со власта“, изјави тогаш Караџоски.

Според него, во стратегијата за реформи во праводуството на актуелната власт, СЈО како дел од Јавното обвинителство на Република Македонија треба да се внесе што побргу, а не од 2019 година како што е предвидено.

,„Не ни требаат реформи како памфлет“, рече Караџоски.

Актуелно