Connect with us

Македонија

Инспекции во Секјуриком, се истражува делењето на К-15 и работата на фирмата

Трудова инспекција и финансова полиција минатата недела го чешлале Секјуриком за нивната работа, наводната загуба и одлуката вработените да земат по 2.000 денари К-15, дознава Ден.мк.

Според информациите до кои дојде Ден.мк, во истрагата се нашле и договорите со државните институции, за кои пишувавме вчера.

Ден.мк веќе објави дека Австриската компанија Секјуриком Мултисервис Интернационал ДОО – Скопје за нова година ги изненадила вработените со К-15, бидејќи не ја зеле ниту минималната сума определена со закон, туку само 2.000 денари.

Од фирмата, како што дознава Ден.мк им било ветено на вработените дека К-15 ќе го добиваат на повеќе рати, онака како што неретко добиваат и плати.

Иако неколку пати се обидовме да ја контактираме Секјурком, најчестиот одговор беше дека лицата задолжени за односи со јавност се на состанок и нема кој да одговори на нашите прашања, а истите не одговорија ниту на прашањата на е-маил.

Претходно, сопственикот на фирмата во интервју за една телевизија истакна дека тие 15 години работат според сите закони.

А.Т.

Актуелно