Владата на ВМРО-ДПМНЕ делела милиони на едни исти невладини

Речиси 250 невладини организации за 5 години земале 75 милиони денари – државни пари. Ден.мк истражуваше – колку пари од буџетот годишно се излевале за здруженија на граѓани.

Според информациите до кои дојдовме, државата секоја година делела пари од буџетот на граѓаните за невладини организации, иако последното – во 2017 година беше најавено како „десоросоизација“, односно дојде по најавата на Никола Груевски дека потфрлиле со невладиниот сектор. Сепак, фактите го покажуваат спортивното.

Груевски одвојувал пари од буџетот на граѓаните за невладини организации секоја година. Во 2011 година, генералниот секретаријат на владата доделил 15 милиони денари на 48 невладини организации, или по 312.500 денари за секоја организација.

Во 2012 година, владата долучила 12 милиони денари да додели на 40 невладини, или по 300 илјади денари по невладина. Истата сума се повторува низ другите години, односно од 2013 до 2016 година.

Сепак, сумата се зголеумва за 2017 година, кога по интервјуто на Груевски, техничката влада одлучува за невладиниот сектор да се одвојат речиси 37 милиони денари.

– Потфрливме во одвојувањето на посериозни средства за граѓанскиот сектор а тоа е најважна мерка во планот за десороизација на општеството и мора да се најдат средства за да се помогне да се развие независен граѓански сектор во Македонија, рече Груевски во интервјуто за Република минатата година.

Најголем дел од буџетските средства низ годините се доделувале на едни исти невладини организации.

Во 2011 година, пари од државната каса биле доделени на три начини: 33 невладини земале пари за „зголемување на еконосмкиот раст“, и по 5 невладини за „ЕУ и НАТО интеграција“, „Борба против корупцијата и криминалот“ и „Инвестирање во образованието“. Сите доделувања се потпишани од Никола Груевски како премиер, освен во 2017 година, кога наместо Емил Димитриев, одлевањето на буџетски средства го потпишува Никола Тодорв како вицепремиер.

Истата година, пари се дале за проекти насловени „Реклама за подобра визија“, „Граѓански центар“, „Патот до моите убавини“, „Ајде да твориме заедно“, „Можности за користење на претпристапните фондови на ЕУ“, „Културно историски час“ и слично.

Од 2012 до 2017 година се менува намената, па парите се одвојуваат за попатриотски проекти.

Кумановското здружение SOS 4 години земало пари, Здружение за развој на ромската заедница во Република Македонија СУМНАЛ од Скопје пак, исто како и Коалиција на младински организации СЕГА од Прилеп и омилената невладина на поранешната Влада, која од нив зеде и простории, Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушодари од Лерин во Македонија, пет години по ред земале државни пари за своите проекти.

Најчесто пари се дадени за проекти со имиња „Македонија, традиција, обичаи!“, „И јас сум Македонија“, „И јас ја сакам Македонија“, а Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушодари од Лерин во Македонија секоја година земало пари за исто насловен проект: „Културниот идентитет на Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија како фактор за јакнење на довербата и коегзистенцијата меѓу македонскиот и грчкиот народ и нивните држави Македонија и Грција“.

Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушодари од Лерин во Македонија не е единствено што низ години земале државни пари за истоимени проекти.

Здружение за помош и поддршка на деца и семејства под ризик За среќно детство од Скопје низ годините земале пари за проектот насловен „Психолошка помош за надминување на траумите и ресоцијализација на жени и деца жртви на трговија со луѓе, згрижени во Државниот центар за лица жртви на трговија со луѓе“, Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена порта, неколку години по ред земало грантови од парите на граѓаните за проект насловен „Сместување и психо-социјална поддршка на жртвите од трговија со луѓе“, Здружение за еднакви можности Езерка пак, три години по ред земало пари за проекти против тргоија со луѓе, на чии прокети секаде стои „Информирај се“.

Здружение на граѓани политички прогонувани, затворани и осудувани за идеите за самобитноста на македонскиот народ и неговата државност низ годините добивало пари за проект насловен „Јакнење на владеењето на правото за потребите на граѓаните прогонувани, затворани и осудувани за самобитноста на македонскиот народ од 1945 -1990 год. и негување на придобивките од нивното делување“. Здружението Градиме иднина пак, повеќе години добивало пари за проектот насловен „Проект за курс по англиски јазик, четврти степен за децата и младинците без родителска грижа“.

Сепак, симптоматично е тоа што најголемиот број од овие невладини организации се без адреса, односно при основањето, во Централниот регистар навеле фантомски адреси.

Генералниот сектретаријат на новата влада веднаш по доаѓањето го стопираше доделувањето на сомнителните грантови во 2017 година. Генералниот секретар Драги Рашковски не сакаше да открива повеќе информации бидејќи има предистражна постапка.

Александар Тодески