Connect with us

Македонија

Пијан битолчанец нападнал доктор од итна помош

На 10.01.2018 година околу во 21,05 часот во Битола на ул.„Васко Каранѓелевски“, пред кафе-бар од страна на екипа од итна медицинска помош било излезено со цел укажување лекарска помош на паднато лице, односно на В.С.(34) од Битола.

Бидејќи бил под дејство на алкохол, од страна на доктор му било укажано дека треба да го пренесат во ургентниот центар, по што В.С. станал и го нападнал докторот, удирајќи го со тупаница во десната слепоочница, нанесувајќи му телесна повреда. Секторот за внатрешни работи Битола презема мерки за расчистување на настанот.

Актуелно