Османи: Димитров и Коѕијас најверојатно ќе се сретнат во Грција

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи вчера во 24 Анализа изјави дека утрешната средба меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас најверојатно ќе се одржи во Грција.

Грчки медиуми шпекулираат дека средбата меѓу шефовите на дипломатиите најверојатно ќе се одржи во Солун, но засега потврда за ова нема од министерствата за надворешни работи на двете земји.

Македонското МНР соопшти дека Димитров денеска ќе се сретне со Коѕијас.

Разговорите ќе се фокусираат на прашања од билатерален интерес, како и на натамошно зајакнување на мерките за градење доверба.

Местото и времето на средбата не беа соопштени. Средбата преку соопштение испратено до новинарите ја соопштија и од грчкото МНР.

Но и официјална Атина, не открива детали, ниту каде ниту во колку часот ќе се сретнат шефовите на двете дипломатии.