Connect with us

Македонија

Чавков: Придонесов во спасување пратеници, ќе докажам дека сум невин

Одбраната на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков денеска од скопска Апелација побара тој да буде пуштен да се брани од слобода или притворот да му се замени со поблаги алтернативни мерки. Чавков и триесетина други граѓани од ОЈО е обвинет за тероризам по насилството од 27 април во Собранието на Македонија.

Неговиот адвокат Сашо Дуковски наведе дека Кривичниот суд со наведувањето на кривичната одговорност како основ за продолжување на притворот го прогласил Чавков за виновен во како што рече кога истрагата за ОЈО е во „ембрионална фаз“.

– Ништо не е преземено во истрагата, а осомничениот веќе се прогласува за виновен – рече Дуковски.

Дуковски посочи дека не држат ниту наводите дека чавков може да влијае на сведоци и да ја попречува истагата кога веќе поминале седум месеци од настанот. Ја спомена и здравствената состојба на Чавков, односно дека имал тежок инфаркт неколку месеци пред притворањето.

Претставникот на Вишото јавно обвинителатво бара да се одбие жалбата бидејќи притворот е непходен за обезбедување на присуство на Чавков.

Чавков во своето обраќање пре тричлениот Судски совет на Апелацскиит суд рече дека материјалните докази ќе покажата дека раководел со акцијата за смирувањето на состојбата во Собранието на Македонија на 27 април.

– Од материјалните докази ќе се види дека со раководењето на акцијата во едни специфични околности дадов клучен допринос за спасување на животите на пратениците и нивна дислокација на безбедно – рече Чавков.

Тој истакна дека е инволвиран во еден апсурден случај кој како што рече е темна дамка за македонскиот кривично правен систем.

– Апсолутно не се чувствувам виновен и тоа ми дава сила и покрај мојата здравствена состојба да истраам и во една легална процедура и да ја докажам мојата невиност – рече Чавков.

Извор: Судство

Актуелно