Груби: Ја сакаме Македонија цела како што е денеска, со овој уставен поредок

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби вели дека албанците во Македонија не сакаат федерализација, туку ја сакаат Македонија со овој уставен поредок, онаква каква што е денеска.

Тој во вестите на Канал 5 рече дека со ова се затвара нормативниот дел од Рамковниот договор, како и дека не добиле само албанците, туку сите граѓани на Република Македонија.

– Ние не се залагаме за федерализација на државата, си ја сакаме Македонија каква што е денеска. Не сакаме промена на Усатвот, рече Груби.

Тој побара од опозицијата и медиумите да не известуваат невистини за законот за употреба на јазиците и рече дека доколку претседателот Ѓорге Иванов не го потпише законот, во Собранието истиот ќе биде изгласан со поубедливо мнозинство.