Connect with us

Македонија

Касами: Проблемот е што се имаме организирано од горе надолу

Претседателот на БЕСА, Билал Касами во Топ Тема вели дека Конгресот ќе даде легитимитет на лидерот на БЕСА. Тој истакна од Конгресот ќе произлезат и нови раководни лица.

– Нема суети во ова што се случува во БЕСА. Како прв Конгрес, освен лидерот кој треба да се избрере, ќе треба да видиме дали рееално ќе функционираме како партија или ќе функционираме како формални или неформални делови во партијата. Политичка партија треба да има можност да одлучува сама, овој конгрес мора да го расчсти тоа, дали ќе функционираме автономно и автентично одлучување или ќе имаме партија каде некој друг ќе биде центар на моќ, рече Касами.

Тој потврди дека ќе се кандидира за лидер на Конгресот. Според него, треба да се оди на Конгрес за да се види кој ќе излезе како нов лидер на партијата.

– Конгресот се организира за на сите нивоа на партијата да се организираат структурите согласно реалната база која ја имаме како членство на БЕСА. Ние се имаме организирано од горе надолу, постојано сме имале групи кои се приклучувале на партијата, па не сме имале можност да провериме дали тие луѓе припаѓаат во партијата, смета Касами.

Актуелно