Connect with us

Македонија

Младен Додевски, осомничен за насилствата во Собрание уапсен утрово

Полицијата рано утрово во Градскиот парк во Скопје го уапси Младен Додевски, еден од осомничените за крвавите насилства од 27 април. Тој е од групата осомничени, по кои беше распишана потерница.

Кривичниот суд бараше притвор за Додевски и уште четворица осомничени, меѓу кои Александар Василевски-Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Дејан Давидовски и Митре Питроповски.

Додевски по апсењето е спроведен во полициска станица, а по дадениот исказ им е предаден на затворските власти од истражниот затвор „Скопје“. Останатите осомничени се во бегство.

Актуелно