Connect with us

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ вечерва на Централен ќе се „освежува“ со кадрите на Груевски

Вечерва на Централен комитет Хирстијан Мицкоски ќе го предложи новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Централниот, составен од кадри на Никола Груевски пак, треба да одлучи дали ќе го прифати новиот состав предложен од Мицкоски. Извори на Ден.мк велат дека во составот на новиот лидер има се освен кадри по негов избор.

– Вечерва, Централниот комитет ќе одлучува за „освежување“ со послушници на Груевски. Сите оние кои се најдоа на листата на Мицкоски се истите кои Груевски ќе ги претставеше како партиска реформа ако останеше на чело на партијата, вели изворот на Ден.мк.

Инаку, членови на Централниот комитет се Емил Димитриев, Лилјана Кузмановска, Дарко Костовски, Диме Спасов, Елизабета Канческа – Милевска, Светлана Јакимовска, Димитар Стевананџија, Лилјана Затуроска, Даниела Рангелова, Билјана Беличанец – Алексиќ, Јелена Жуѓиќ, Ане Лашкоска, Владимир Нелоски, Лука Кржалоски, Ивица Коневски и многу други лица блиски до поранешниот лидер Никола Груевски.

Член на Централниот комитет е и Илија Димовски, кои според информациите до кои дојде Ден.мк, не е повикан да учествува во работата на комитетот.

Актуелно