Connect with us

Македонија

Обвинителството со истрага за Дрисла по допрен глас

Обвинителството отвори предмет по допрен глас за кривично дело Загадување на животната средина и природата од чл.218 од Кривичниот законик, соопштуваат од Обвинителсвото.

Како што се пишува во соопштението, во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител испрати барање до Министерството за животна средина и просторно планирање за добивање потребни податоци во врска со досегашна извршена контрола над работењето на депонијата ДРИСЛА – СКОПЈЕ ДОО, како и доколку е извршена контрола дали е констатирано почитување на протоколите за согорување на медицински отпад од страна на депонијата и други информации.​

Актуелно