Connect with us

Македонија

Поради отстранување на тешко моторно возило, пренасочен патот Градско-Прилеп

Автомото сојузот на Македонија известува дека поради отстранување на тешко моторно возило од коловоз кај клучка Дебреште, од 09:50 часот сообраќајот на магистралниот пат Градско-Прилеп, ќе биде пренасочен.

Од таму соопштуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег со слаб интинзитет провејува на Попова Шапка, Маврово и Стража кој не се задржува на коловозот.

Намалена видливост поради магла од 50-150м. има на патните правци Лисец – Попова Шапка , Крак-Мавро, Ѓавато, Крушево, Плетвар и Струмица. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Од АМСМ потсетуваат дека 15-ти ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2018 година.

Актуелно