Connect with us

Македонија

Катимерини: Македонското прашање е надвор од дипломатијата

Очигледно е дека напорите за решавање на „македонското прашање“ ќе бараат вешто маневрирање, како дома така и на меѓународна сцена.

Имајќи ги предвид црвените линии, емоциите и конфронтирачката реторика со која се карактеризира политичката дебата, сигналите не се добри, пишува грчкото електронско издание Катимерини во коментарот по прашањето за спорот со името.

Прашањето за името, позициите на Македонија и на Грција, како и очекувањата за тоа какви промени ќе следат во регионот по решавањето на овој 25-годишен спор и натаму се главна тема во јавноста во двете држави. Вчера министерот за надворешни работи, Никола Димитров во интервју за „Ројтерс“ информираше дека Македонија и Грција се согласиле да формираат работни групи, предводени од министрите за надворешни работи кои ќе бидат посветени на пронаоѓање решение за спорот.

Портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос, пак, во интервју за радиото Солун, потенцираше дека промена на уставното име, употреба во внатрешноста на земјата и заложба владата зад себе да го остави иредентизмот, се барањата од официјална Атина за постигнување решение. Сепак владите во Скопје и во Атина од медијаторот Метју Нимиц на претстојната рунда разговори, закажана за 17 месецов во Њујорк, очекуваат инцијална рамка со која суштински ќе се напредне во надминувањето на разликите за името.

Актуелно