Connect with us

Свет

Американците не сакаат Опра да се кандидира за претседател

Американците не сакаат телевизиската водителка Опра Винфри да се кандидира за претседател, покажуваат податоците од новата анкета на институтот „Марист Пол”, јави АФП.

Анкетата, во која учествувале 1.350 лица и која била направена во периодот од понеделник до среда, покажува дека само 35 проценти од Американците сакаат Опра да се кандидира на изборите во 2020 година.

Ако сепак Опра се кандидира, тогаш, според анкетата, 50 проценти од Американците се подготвени да гласаат за неа наспроти 39 проценти кои би гласале за Доналд Трамп, во случај тој да се бори против неа. Другите испитаници немаат став.

Анкетата, исто така, покажува дека 64 проценти од испитаниците имаат генерално позитивно мислење за телевизиската водителка.

Шпекулациите дека Опра Винфри може да се кандидира за претседател се засилија откако таа одржа инспиративен говор на церемонијата за наградите Златен глобус, во кој се заложи за жените злоставувани од мажи.

Актуелно